Намалена довербата кај британските производители по Брегзит

Довербата меѓу британските производители е опадната, откако на референдумот на 23 јуни мнозинството Британци се определија за напуштање на ЕУ, покажува истражувањето на производствената лоби група ЕЕФ и на пресметковната фирма БДО.
Довербата во идното работење кај производителите сега е намалена на индекс од 5,24 од максималните 10 поени, наспроти 6,37 пред референдумот.
Најголем пад е регистриран меѓу фирмите во Лондон и во цела Југосточна Англија. Најниска доверба, сепак, има меѓу производителите во Ист Мидлендс и во северозападна Англија. Во двата региона нивото на довербата по изгласаниот Брегзит е сведено на пет.
- Изгласаното напуштање на ЕУ, го доведе процесот на опоравувањена домашните фирми во производствениот сектор во опасност, изјави Ли Хопли, главен економист во ЕЕФ, навестувајќи дека во сеганите услови растот станува неизвесен во сите британски региони.
Над 25 отсто од компаниите во северозападниот дел од Англија, допрва треба да изнаоѓаат нови можнсти за работа по изгласниот Брегзит, додека 59 отсто од фирмите се загрижени за тоа каква ќе биде идната побарувачка.
Ваквата состојба со довербата на домашните производни фирми доаѓа во време кога антиевропските медиуми отворија кампања во која се инсистира дека британската економија добила на забрзување по Брегзит.
Како основа за тоа се користи податокот за економскиот раст до крајот на јуни, иако тој не може се врзе за референдумот, затоа што гласањето се одржа на 23 јуни на самиот крај од вториот квартал, како и нјавените пет илјади нови работни места на синџирот за брза храна „Мекдоналдс“.
Аналитичарите предуредуваат дека работите не се толку оптимистички и потсетуваат дека „Лојд Банкинг Груп“ сега објави оти укинуваат три илјади работни места и затвора уште двеста други филијали низ целата земја.
Причината за ваквиот потег, банката го објаснува со Брегзитот, иако таа претходно веќе укина девет илјади работни места.
Ново на Сител
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
