Намирници кои ја убиваат желбата за секс
Како што постојат афродизијаци – храна која го помага либидото , така постојат и намирници од кои сексуалната желба нагло опаѓа. Ви набројуваме некои од нив.
Соја
Сојата е одлична за организмот, ама може негативно да влијае на либидото. Кај мажите може да го намали и нивото на тестостерон како и бројот на сперматозоидите.
Пуканки од микробранова печка
Иако совршено одговараат додека гледате филм, пуканките од микробранова печка имаат негативно дејство на сексуалниот живот. Истражувањата покажале дека исто така го намалуваат и бројот на сперматозоидите.
Диетални сокови
Големата количина на вештачки засладувачи го намалува нивото на серотонин, хормон кој делува на чувствување на задоволство, што значи помало уживање во сексот.
Алкохол
Алкохолот може позитивно да влијае на самодовербата, но негативно на сексуалната способност. Алкохолот го намалува нивото на тестостерон и негативно влијае на сексуалната функција.
Бело брашно
Преработената храна и белото брашно не содржат никакви хранливи вредности- од нив се отстранети сите потребни витамини и минерали. На пример, во споредба со интегралните житарици, белото брашно содржи до три четвртини помалку цинк кој е неопходен за нормално функционирање на организмот. Конзумирањето на бело брашно може да доведе до отпорност на инсулин и можеби дијабетес што го зголемува ризикот од срцеви заболувања и еректилна дисфункција.
Цвекло
Додека јадењето на цвекло пред вежбање може да ја подобри функцијата на мускулите, овој зеленчик не е идеален за сексуалната функција. Конзумирањето на цвекло може да го зголеми нивото на естрогрн во организмот, хормон кој може да влијае негативно на оние кои веќе имаат хормонски дисбаланс во организмот.
Флаширана вода
Постојат многу причини зошто треба да се избегнува флаширана вода, а супстанциите пронајдени во пластични шишиња се најголем виновник за здравствени проблеми. Штетата хемиска супстанца бисфенол А, попознат како БПА, може да доведе до сексуална дисфункција, намален број на сперматозоиди кај мажите и јајце клетките кај жените.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст