-->
-->
Нападнато седиштето на албанските социјалисти во Делвина
-->

Засега се уште неидентификувани лица со камења и други тврди предмети ја нападнеле канцеларијата на Општинската организацијана на албанската владејачка Социјалистичка партија во градот Делвина.
Како што јави дописникот на МИА, полицијата соопшти дека инцидентот се случил ноќеска по полноќ, при што се искршени прозорците на канцелариите, како и одредени предмети врз кои паднале камењата.
Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама го осуди „насилничкиот акт“ и повика на воздржаност, потенцирајќи дека „ваквите однесувања не се во прилог на предизботната атмосефра и не се во инетрес на жителите“.
Полицијата води интензивна истрага со цел расветлување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
-

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Росоман
-

Македонија се доближува до европскиот просек на произведена струја од обновливи извори на енергија
-

Почнува пролетта
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Зеленски: САД сигнализираат продолжување на мировните преговори
-

Израел и Иран ги засилија меѓусебните напади врз стратешката инфраструктура во 20-иот ден од војната
