Loading Video...
Фудбал
22. January 2020 - 16:34

Наполи прв полуфиналист во Копа Италија

 
 
Екипата на Наполи е првата која обезбеди пласман во полуфиналето на Италијанскиот куп. 
 
„Наполитанците“ во четвртфиналето го елиминираа бранителот на трофејот од минатата сезона тимот на Лацио совладувајќи го со 1:0 со голот кој го постигна Лоренцо Инсиње уште во втората минута. 
 
Вечерва ќе биде познат и вториот полуфиналист, откако Јувентус и Рома ќе ја одиграат својата четвртфинална средба. 
 
Преостанатите два четвртфинални дуели на програмата се на 28 и 29 јануари кога ќе играат Милан – Торино и Интер – Фиорентина.