Направени контроли и кај пет бензински пумпи, Бектеши најавува детали по завршување на целата постапка
Направени се контроли и кај пет бензински пумпи. Откако ќе бидат завршени сите постапки и процедури, ќе бидат објавени имињата, доколку се утврдат неправилности, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој посочи дека контролите се направени кај бензински пумпи на најголемите компании кои работат со нафтени деривати и оти првичните анализи се правени во мобилната лабораторија и во акредитираната лабораторија на „Макпетрол“.
– Таму каде што имало отстапки во однос на правилниците, секоја компанија има право да направи суперанализа. Откако ќе бидат завршени овие процедури, ќе бидат објавени имињата на компаниите, доколку има неправилности, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.
Согласно правилникот и законите, компаниите имаат право да побараат и суперанализа.
Во текот на денот се очекува и Регулаторната комисија за енергетика да излезе со детали околу тоа какви постапки ќе преземе ова регулаторно тело.
– Во текот на денот, РКЕ ќе одржи вонредна седница и веднаш по завршувањето ќе објавиме кај кои компании што е констатирано и кои постапки ќе ги преземе РКЕ, истакна претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски на прес-конференцијата во Владата.
Вицепремиерот задожен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски вели дека работата со расчистувањето на случајот со увозот на мазут не застанува со обелоденување на денешните детали од направената анализа.
– За се друго за што треба да се бара одговор, работите не застануваат тука. Има и системски пропусти во однос на законодавството, правилниците и постапките, рече Николовски.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
