Џет-Сет
6. March 2017 - 17:54

Направи хаос на интернет: Дара го покажа задникот на кој може да и позавиди и Ким Кардашијан

Пејачката Дара Бубамара моментално се одмара во Дубаи, а со фотографиите направи вистински хаос на социјалните мрежи. Таа се пофали со фотографија на која позира во бело бикини, а нејзиниот буен задник е во прв план.

Откако драстично ослабе, Дара не престанува да се фали со својата фигура, а нема сомнение дека на задникот би и позавидела и славната старлета Ким Кардашијан.

Инаку, Дара на егзотичната дестинација требало да отпатува со своето момче, кошаркарот Душко Буниќ, кој поради обврските мораше да го откаже патувањето.

Иако не е со саканиот, Дара одлично си поминува.

Кошаркарот искешираше дури 4.000 евра за одморот на пејачката во Дубаи, а наместо момче таа таму го поведе својот брат.