Народни верувања за духовниот вторник- Еве што треба да направите денеска!

Духовден секогаш се одбележува на 50 ден по Велигден и десетиот ден по Спасовден. Духови претставуваат и „роденден“ на христијанската црква, а се нарекуваат уште и Тројца, Празник на Тројцата и Симнување на Светиот Дух врз апостолите. Во православието празникот се нарекува и Педесетница зошто се слави 50 дена по Велигден.
По значење тоа е трет празник по Велигден и Божиќ кој како и тие се слави три дена.
На денешниот Духовен вторник, подот во храмовите се покрива со трева, а покрај ѕидовите се потпираат гранки од липа или некое друго дрво, а иконите се китат со цвеќе. Овој обичај потекнува од првите христијани, кои го презеле од Евреите, кои на празникот Педесетница ги кителе своие цркви и куќи. Тоа ги потсетувалео на времето кога преку Мојсеј ги добиле Десетте божји заповеди, како и на времето на скитање низ пустината, по бегството од Мисир, зошто во пустината преживеале во колиби од гранки и лисја.
На Духови во храмот се плетат венчиња од трева кои после се носат дома и се поставуваат пред икони и кандила, а многумина ги носат во своите чанти и автомобили.
Ново на Сител
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
