НАСА бара работници: Нудат 16.500 евра за лежење и гледање телевизија, но оваа работа од соништата има една цака
НАСА на волонтерите им плаќа 16.500 евра за гледање на телевизија во кревет два месеци, за да ги тестира предностите на природната гравитација.
Доброволците ќе имаат телевизор, материјал за читање и други активности за да не им биде досадно.
Учесниците во истражувањето ќе лежат на специјализирани кревети два месеци за да се тестира како вселенскиот лет влијае на човечкото тело. Пријавите за оваа работа се затвораат на 24 мај, а тестирањето почнува во септември.
Волонтерите ќе бидат платени 16.500 евра. Меѓутоа како и за се така и за оваа работа постојат одредени услови. Овде има само еден услов, а тоа е, дека се, од јадење до одење во тоалет, ќе мора да се врши лежејќи.
НАСА води студија со Европската вселенска агенција (ЕСА) и со Германскиот вселенски центар (ДЛР).
ЕСА соопшти дека истражувањето ќе и помогне да открие како безтежинската состојба, вселенското зрачење, изолацијата и просторните ограничувања влијаат на астронаутите. Истражувањето ќе се занимава и со пропаѓањето на мускулите кое се случува кога астронаутите се долго во Вселената.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка