-->
-->
НАСА пронајде нова Земја
-->
Планетата наречена "Kepler-452b" кружи околу ѕвезда, која е постара од нашето Сонце. Оваа планета од својата ѕвезда е оддалечена речиси исто како што Земјата е оддалечена од Сонцето.
Американската вселенска агенција објавила дека пронашла планета како нашата Земја, како резултат на истражувањето со вселенскиот телескоп Кеплер.
Оваа новооткриена планета е поголема од Земјата, околу 60 проценти поголема, и се наоѓа на околу 1.400 светлосни години од нас, објавиле денес научниците. youtube.com/watch?t=89&v=G_zcEgx1IgQ
Планетата наречена "Kepler-452b" кружи околу ѕвезда, постара од нашето Сонце. Оваа планета е од својата ѕвезда оддалечена речиси исто колку што е Земјата од Сонцето, пишува Independent.
"Ова е голем успех, да се пронајде планета како Земјата, со слична големина и температура", вели истражувачот Џеф Колин.
Научниците веруваат дека е карпеста, дека многу потсетува на Земјата, и дека има површинска вода, што е неопходно за настанување на живот.
Не само што се наоѓа во идеална зона, во која е можен живот бидејќи не е ниту премногу топла, ни премногу студена, туку и нејзината ѕвезда личи на "постара сестра" на нашето Сонце, навела НАСА.
Со други зборови, оваа егозпланета, би можела да ни даде увид во апокалиптичната иднина на Земјата, сметаат научниците.
За откритието на планетата заслужен е вселенскиот телескоп Кеплер, вреден 600 милиони долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески