Loading Video...
Свет
26. March 2023 - 19:47

НАТО со силни критики за Русија и нејзината опасна нуклеарна реторика

НАТО со силни критики за Русија и нејзината опасна и неодговорна нуклеарна реторика. Ден по изјавата на рускиот претседател Путин дека ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, портпаролот на НАТО најави дека се во состојба на готовност.

Внимателно ја следат ситуацијата и вели спомнувањето на руското нуклеарно споделување на НАТО е сосема погрешно. Портпаролот рече дека сојузниците на НАТО дејствуваат целосно почитувајќи ги нивните меѓународни обврски. Руската најава за стационирање на руско тактичко нуклеарно оружје во Белорусија е обид за нуклеарно заплашување, оценува и  германската влада.

Во меѓувреме, на бојното поле, продолжија жестоките борби во близина на источниот украински град Бахмут, при што Русија изврши десетици напади во изминатите 24 часа, соопшти украинската војска на брифингот на 25 март.

Во интервју за државната телевизија, Путин изјави дека Русија и Кина не воспоставуваат воен сојуз и не кријат ништо поврзано со нивната воена соработка. Тој рече дека имаат соработка на воено техничката интеракција но се е транспарентно.

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи вонредна состојба по смртоносното торнадо во Мисисипи. Во силното невреме  загинаа најмалку 25 луѓе а десетици се повредени. Торнадото погоди неколку градови во јужниот дел на САД , беше проследео со град и силни ветрови со 113 км на час.  Спасувачките екипи се уште пребаруваат под рушевините на деловните згради и уништените домови.

Доналд Трамп на првиот митинг  од неговата изборна кампања ги нападна обвинителите кои работат на истрагата против него. Трамп минатата недела повика на протести бидејќи очекувал да биде уапсен. Тој вели дека е жртва на лов на вештерки и  тврди дека е наместен во неколку истраги координирани од деморкатите во Вашингтон.

Тој  е под истрага за евентуално кршење на законите за финансирање на кампањата бидејќи и платил на порно актерка 130.000 долари за да не зборува за врската со него во пресрет на претседателските избори во 2016 година.