Македонија
19. September 2016 - 8:44

Научна конференција по повод 70 години Институт за педагогија

Институтот за педагогија при скопскиот Филозофски факултет, од денеска до 21 септември во Охрид организира Mеѓународна научна конференција на тема „Педагогијата во современото глобално општество“.

Поводот е одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на Институтот за педагогија, еден од најстарите институти на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На Меѓународната научна конференција ќе учествуваат универзитетски професори и стручњаци од Македонија, Италија, Финска, Германија, Русија, Турција Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија и др.

Научната конференција, според најавата од организаторите, ќе биде можност за разгледување на актуелни прашања и проблеми на воспитанието и образованието кои денес поминуваат низ  состојба на криза и експанзија, на глорификација и негирање, на противречности меѓу теоријата и практиката.

На конференцијата ќе бидат разменети современи научни сознанија и позитивни практики за воспитанието и образованието согледани низ призмата на новите глобални општествени случувања.