Loading Video...
Свет
7. July 2020 - 16:27

Научниците тврдат дека коронавирусот се пренесува преку воздухот

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до Светската здравствена организација. „Њујорк Тајмс” коментира дека неодамнешното зголемување на бројот на жртви по повторното отворање на компаниите сè повеќе го потврдува тврдењето на научниците. Доколку се потврди како точно, тоа би значело воведување на нови мерки како задолжително носење на маски и во затворен простор, пишува весникот.

Вториот по големина австралиски град Мелбурн од денеска во 6-неделен карантин. Властите се одлучија на овој потег за да спречат ширење на коронавирусот и неговиот втор бран. На пет милиони жители во австралиската метропола ќе им е дозволено да ги напуштат своите домови само дококу тоа е апсолутно неопходно. Со мерките целосно е опфатена сојузната држава Викторија, која регистираше 191 новозаболен од Ковид во последните 24 часа, најголем дневен пораст од почетокот на епидемијата.

Силно невреме синоќа и утрово погоди повеќе хрватски градови, при што е повредено едно лице, откако врз неговиот автомобил паднало дрво. Во Далмација ветерот дуваше со брзина од 153 километри на час, а и денеска во некои делови во сила е жолт и портокалов  аларм. И Загреб синоќа беше погоден од невремето, а пожарникарите интервенирале над 30 пати.

Најтопол јуни во историјата на мерење во Сибир. Во некои региони се измерени и до 10 целзиусови степени повисоки од просечните. Ова е последица од сибирските пожари, кои во текот на минатиот месец во атмосферата испуштиле 59 мегатони јаглерод диоксид. Сибир инаку, е најстуденото место на Земјата, но во моментов се справува со масовни пожари и рекордно високи температури.