Loading Video...
Фудбал
28. November 2020 - 19:53

Навивачка пресметка во Штип, дербито на истокот без победник

Во Штип се одигра дербито на Втората лига Исток. Брегалница и Тиквеш одиграа 1-1 со што  штипјани остануваат на врвот со 5-бода повеќе од кавадарчани. 
Домашните први го отворија резултатот со голот на Мартин Стојанов во 47-та минута а израмни Мојсов во 53-тата. 
Иако средбата се одигра без присуство на навивачи сепак навивачките групи на двата тима се сретнаа во близина на стадионот и дошло до физичка пресметка во која  е повреден припадник на полицијата која енергично ги  растурила навивачките групи.  Повеќе информации за овој инцидент се очекуваат  во текот на утрешниот ден.