Навреме и без проблеми се гласа во Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман
Навреме беа отворени гласачките места и без проблем тече гласањето во неколку општини од Тиквешијата.
Претседателот на Општинската изборна комисија Кавадарци Зоран Костов рече дека засега не се регистрирани никакви инциденти при гласањето и тоа поминува во најдобар ред.
- Се надеваме дека така ќе биде и во остатокот од денот, нагласи тој.
И претседателката на неготинската општинска изборна комисија Нетка Веселинова изрази задоволство од стартот на изборниот ден и поради тоа што мирно тече гласањето на локалните избори.
- Навреме ќе ја информираме јавноста за текот на гласањето и излезноста, додаде таа во нејзината прва изјава за денеска.
Дека без проблеми почна и трае гласањето и во Демир Капија соопшти и Стојна Топчиева, претседателка на Општинска изборна комисија Демир Капија.
- Очекуваме така да биде во текот на целиот ден, да имаме фер и демократски избори на кои гласачите ќе можат слободно да си го дадат својот глас по свое сопствено убедување, рече Топчиева.
Без инциденти стартуваше и се одвива и гласањето во Росоман, информираа од изборната комисија во оваа општина.
Вчера без проблеми гласаа болните и изнемоштените.
Во Кавадарци гласаа 83 болни и изнемоштени, а избирачкиот список брои 32.671 избирачи. Денес се гласа на 60 избирачки места.
Во Неготино вчера гласаа 84 болни и изнемоштени неготинци. Бројот на избирачи е 16.073, а денес се гласа на 27 избирачки места.
Во Демир Капуја вчера беше во тек гласањето од страна на 49 болни и изнемоштени. Вкупниот број на граѓани со право на глас во избирачкиот список е 3.405, а денес своето уставно право на глас демиркапијци ќе можат да си го остварат на 11 избирачки места.
Триесет и едно болно и изнемоштено лице гласаа во текот на вчерашниот ден во Росоман. Во избирачкиот список се евидентирани 3.410 избирачи, а денес росоманци можат да избираат на десет изборни места.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата