НБА: 50 поени на незапириливиот Харден
Kвалитетен и неизвесен натпревар одиграа изминатата ноќ во НБА-лигата Хјустон Рокетс и ЛА Лејкерс. Победата му припадна на Хјустон 126:111, бидејќи Џејмс Харден успеа да го надигра Леброн Џејмс.
Најкорисниот играч во лигата во мината сезона одигра нестварен меч, најдобар од почетокот на сезоната, кој на крајот го заврши со трипл-дабл ефект од 50 поени, 10 скока и 11 асистенции.
„Брадата“ од поле шутираше 14/26, погоди четири тројки од 12 обиди, а од линијата за слободни реализираше 18 од 19 обиди.
Најголема поддршка Харден доби од Клинт Капела, кој имаше дабл-дабл од 16 поени и 14 скока, односно Дануел Хаус, кој постигна 15 поени.
Лејкерси беа предводени од Леброн Џејмс (29 поени, пет скока и четири асистенции), Кајл Кузма постигна 24, а Ленс Стивенсон 17 поени.
Ново на Сител
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи