-->
-->
НБА: Дончиќ го „сруши“ Бруклин
-->
Далас маверикс ја продлабочија кризата во Бруклин нетс. Маверикси славеа против Бруклин со 113:109, ја забележаа осмата победа на последните десет натпревари, додека Бруклин нема победа на последните четири натпревари.
Натпреварот го обележа Кајри Ирвинг, но ниту тој не можеше да го спречи поразот на Бруклин. Ирвинг постигна 45 поени, на кои придодаде пет скока и четири асистенции. Кевин Дурент натпреварот го заврши со 20 поени и девет скока.
На спротивната страна се истакнаа Лука Дончиќ и Тим Хардавеј Јуниор. Словенецот забележа 24 поени, 10 скока и осум асистенции, Хардавеј постигна поен помалку, со шест скока и две асистенции.
Бруклин и покрај лошите резултати сè уште е втор на Истокот. Нетси имаат скор од 43 победи и 24 порази, победа помалку има Милвоки на третото место. Далас се петти на Западот со 38 победи и 28 порази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада