НБА: Јокиќ го носи Денвер во конференциско финале
Денвер Нагетс води со 3-2 во полуфиналната плејоф-серија во Западната конференција против Портланд Трејлблејзерс. Нагетс, благодарение на доминантната игра на Србинот Никола Јокиќ, забележаа победа 124:98.
За разлика од претходните четири натпревари во серијата, петтиот беше решен веќе по првото полувреме. Нагетс, по 24 минути игра, имаше предност од 18 поени (65:47).
Јокиќ одигра уште еден неверојатен меч и го собори рекордот на франшизата според бројот на скокови во еден плејоф-натпревар. Србинот мечот го заврши со 25 поени, 19 скока и 6 асистенции. Јокиќ поентерски го следеа Милсап со 24, Мари со 18 и Херис со 16 поени.
Јокиќ е првиот играч по Леброн Џејмс во 2010 година, кој имал 25+поени, 19+скока и 6+асистенции.
Кај Портланд потфрли Мекалум, кој постигна само 12 поени, а најефикасен беше Лилард со 22 поена.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава