Кошарка
19. September 2020 - 14:00

НБА: Лејкерси стартуваа со победа против Денвер

Лос Анџелес лејкерси во своето прво финале на Западот по една деценија стигнаа до 1:0 водство, откако предводени од Ентони Дејвис стигнаа до 126:114 победа над Денвер нагетс, потврдувајќи зошто се едни од фаворитите за НБА титулата.
 
Денвер ја доби првата четвртина со 38:36, но Лејкерси направија пресврт и на полувреме отидоа со 70:59 водство, по што доминираа во третата четвртина, и веќе немаше шанси за враќање на Денвер, посебно откако Никола Јокиќ беше исклучен поради лични грешки
 
Ентони Дејвис имаше фантастична партија со 37 поени, 10 скока и 4 аситенции, додека Леброн Џејмс имаше 16 поени и 12 асистенции. Никола Јокиќ и Џамал Мареј беа најдобри за Денвер со по 21 поен, но тимот кој двапати се врати од 3:1 негатива во плејофот, повторно започнува со хендикеп.