НБА: Оклахома славеше против Хјустон
Оклахома Тандер забележаа победа над Хјустон Рокетс 113:92. Ова беше прво гостување на Расел Вестбрук во Оклахома откако минатото лето го напушти тимот.
Навивачите на Тандер со овации го пречекаа Вестбрук, а на сличен начин се простија со него и по завршувањето на натпреварот. Тандер неочекувано лесно славеа над Хјустон, во чии редови само Вестбрук одигра на препознатливо ниво.
Оклахома Тандер ја забележаа седмата победа на последните осум натпревари, додека Рокетс ја прекинаа серијата од три победи.
Галинари ја предводеше Оклахома со 23 поени, 11 скока и четири асистенции, Шај постигна 20, а Пол 18 поени. Кај Хјустон Вестбрук забележа 34 поени, додека потфрли Харден со само 17 поени.
Кливленд Кавалирс по едно продолжение славеа победа во дуелот со Детроит Пистонс 115:112. Томпсон беше клучниот човек на Кливленд, тој го иницираше пресвртот во финишот на мечот, а од линијата за слободни фрлања избори продолжение.
Томпсон мечот го заврши со 35 поени и 14 скокови. На спротивната страна Дерик Роуз постигна 27 поени, Драмонд забележа 18 поени и 23 скокови.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци