Кошарка
17. November 2016 - 11:20

НБА: Прекината серијата на Кливленд

Единаесет натпревари беа на програмата во НБА лигата изминатата ноќ, на осум од нив победи забележаа екипите кои играа на домашен терен.
 
Во ноќта помеѓу средата и четвртокот беа прекинати победничките серии на Кливленд и ЛА Клиперс, Голден Стејт победи во Торонто, а Расел Вестбрук со спектакуларно забивање на пет секунди до крајот на мечот против Хјустон обезбеди нова победа за Оклахома.
 
Кливленд со и без Леброн Џејмс е поинаков тим. Шампионот без својот најдобар играч загуби од Индијана 103:93. Во Индијанаполис само Кевин Лав (27 поени, 16 скокови) и Кајри Ирвинг (24 поени) беа на очекуваното ниво, додека потфрлија останатите во тимот на Кливленд. Остатокот од стартната петорка на шампионот збирно постигна девет поени.
https://