Бизнис
13. October 2021 - 16:59

НБРМ не гледа потреба за интервенција, економистите очекуваат проблемот со инфлацијата да се стабилизира напролет

Инфлацијата е повиска од проекцијата, но за сега нема потреба да се реагира, смета Комитетот на Народната банка.  Растеле домашните цени  кои се поврзани со  движењата на цените на примарните производи на светските берзи. Односно, ценовните притисоци произлегуваат од фактори на страната на понудата, без поголеми притисоци на побарувачката. Затоа инфлацијата ќе биде повисока од првичната прокеција од 2,2% смета Народната банка. Според експертите, инфлацијата е од времен карактер и се очекува нејзино стабилизирање првата половина од наредната година.

-Предизвик во моментов се притисоците кај цените, првенствено оние што граѓаните лесно ги забележуваат, на малопродажни производи по маркетите и зелените пазари, но и притисоци врз цените што се јавуваат во синџирите на додадена вредност, поради отежнато снабдување со делови што главно се произведуваат во далечните азиски земји, како и притисоци врз цените на енергентите поради притисокот во Европа за побрза транзиција кон зелената агенда.Сепак, нашите проценки се дека ценовните притисоци се од привремен карактер. затоа монетрамната политика не треба да се затега, за да не му наштети на економскиот раст, изјави Благица Петрески, извршен директор на Фајнанс Тинк.

Инаку инфлацијата од јануари до септември изнесува 2,8%. Според статистиката, цените на трошоците за живот во септември се зголемиле за 3,7 отсто. Меѓународниот Монетран Фонд во вчерашната прогноза објави дека земјава годината ќе ја заврши со инфлација од 3,1%.