Недоразбирања во Парламентот на Бразил околу импичментот на Русеф
Во бразилскиот Парламент избија недоразбирања меѓу Сенатот и Долниот дом, околу постапката за импичмент против претседателот Дилма Русеф.
Актуелниот Спикер на Долниот дом Волдир Марањао претходно соопшти дека гласањето за отповикување на претседателката било со „грешки и пропусти“ што предизвика воодушевена реакција на нејзините пратеници и поддржувачи.
Мардањао сега бара ново гласање од пратениците, но претседателот на Сенатот, Ренан Калхеирос ја оквалификуваа постапката на спикерот за блокирање на процесот како нелегална.
Калхеирос изјави пред бразилските медиуми дека Сенатот ќе почне со гласањето за покренување импичмент за Русеф, без разлика на настојувањето на сегашниот спикер, претходно да има ново гласање во Долниот дом.
Претседателот на сенатската комисија за импичмент, каде претходно беше разгледан случајот на Русеф и беше одобрено почнување на постапката, изјави дека таа ќе почне онака како што било претходно предвидено.
Според редот за постапката, гласањето во Сенатот треба да почне во среда, но засега не е познато дали тоа ќе се случи.
Доколку има гласање и на крајот биде изгласан импичмент, Дилма Русеф ќе биде суспендирана од претседателската функција во следните шест месеци, до целосното завршување на постапката.
Кризата во Парламентот околу гласањето во Сенатот доаѓа по интервјуто на претседателката за Би-Би-Си во кое таа самоуверено изјави дека нема намера да се предаде и дека продолжува да се бори за својата функција.
Ново на Сител
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор