Македонија
23. July 2026 - 16:44

Недоволна наплата на даноци: Општините пропуштиле милионски приходи

Општините тешко наплатуваат даноци, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. Во анализираниот период од 2020 до 2024 година, општинските власти пропуштиле да наплатат близу 50 милиони евра. Повеќе од половина се за неплатен данок на имот, потоа следуваат комуналната такса и другите надоместоци.

Најголема ефикасност има во наплатата за користење јавен простор пред деловен објект, а висок процент има кај прибирањето на комуналната такса за фирма и назив на деловна просторија. Заводот за ревизија утврдил дека најдобар фискален капацитет за наплата има Градот Скопје, а на дното на листата е општината Зрновци.

Како проблем, се посочува и застарената методологија за проценка на вредноста на имотот која не ги опфаќа новите типови на објекти и современите градежни материјали, а цените за проценка не биле ажурирани со години. Ова, според заводот за ревизија, директно ги намалува приходите на општините.