Македонија
30. October 2026 - 12:18
Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
Нелојалната конкуренција негативно влијае на функционирањето на бизнисите во занаетчискиот сектор, се жалат занаетчиите. Тие велат дека покрај евтината кинеска роба на пазарот во земјава, голем проблем се онлајн продавниците на социјалните мрежи.
Нелегалниот бизнис на интернет просторот делува без никакви давачки, а нема ниту контрола и надзор.
Според податоцитеод Регионалната занаетчиска комора Охрид, голем број лица вршат занаетчиски дејности „на црно“, без соодветни лиценци, дозволи и без плаќање придонеси и даноци.
Оваа појава сериозно го загрозува опстанокот на легалните занаетчиски бизниси.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
