Македонија
17. јуни 2021 - 16:47

Нема пресуда за Мијалков - судењето за „Тортура“ се враќа на почеток

Нема пресуда за „Тортура“. Судијата Александра Ристевска обвинението го смета за нејасно и било неопходно да се судењето да продолжи со прецизирање на актвиностите кои Мијалков и шестемина полициски алфи ги презеле при апсењето на Љубе Бошковски.

Обвинителот Љубомир Лапе вели дека е затекнат од одлуката да се повтори судењето. Тврди дека ова досега не било судска пракса.

Според одбраната, не станувало збор за преседан  во судството. Одлуката ја сметаат за исправна бидејќи обвинението не ги прецизирало активностите на обвинетите.

Судењето за Тортура ќе продолжи наредниот месец.