Loading Video...
Кошарка
2. April 2021 - 13:29

Нема Супер лига, кошаркарите директно ќе разигруваат за титулата и опстанок во лигата

Во кошаркарскиот шампионат на Македонија викендов на програмата се дуелите од последното коло од првиот дел на сезоната
 
Иако и претсојното последно коло од регуларниот дел нема да биде комплетно одиграно, а има и голем број на заостанати натпревари во прволигашката кошаркарска конкуренција, МКФ денеска информира дека мнозинството на клубори прифатило, сезоната да биде скратена, односно да не се играат дополнителни 10 натпревари во Супер лигата, туку директно да се пренмине на разигрување. 
 
Според планот, по комплетирањето на сите натпревари од 22-те кола, осумте прворангирани екипи ќе разигруваат во плејофот, почнувајќи во четвртфиналната рунда.
 
Во брорбата за опстанок за Првата лига во плеј-аутот би разигрувале четирите последнопласирани екипи во регуларниот дел од сезоната, по што неместо четири лигата ќе ја напушта две екипи.
 
Натпреварите ќе се играат во таканаречени „балони“ во периодот од 17. мај, заклучно до 10. јуни, кога би го имале новиот шампион за сезоната 2020/2021.
 
Во меѓувреме (најверојатно почетокот на мај месец) треба да се одигра и Купот на Македонија. 
 
Речиси слично ќе мине и продолжението на сезоната во женската Прва лига.
 
Верификацијата на ваквата одлука, која е повеќе од сигурна, се очекува да ја донесе УО на МКФ.