Македонија
22. August 2016 - 13:44

Нема трага од Елиф 16 дена по поплавите во скопско

Веќе 16-ти ден нема трага од 16-месечната Елиф Фејзула, која беше исчезната кобната ноќ меѓу 6 и 7 август на скопската обиколница, зафатена од поплавите.

Нејзиното исчезнување го пријавил братот на нејзиниот татко кој исто така починал во поплавите.

Според исказот на чичкото на Елиф, возилото во кое се возеле Фуркан и девојчето било поклопено од голем воден бран кој го однел возилото и од тогаш досега, и покрај напорите на специјалнтите полициски единици, девојчето не е пронајдено.