Од денеска се забрануваат организирани туристички обиколки по 19 часот, од 1. јануари 2020 стапува на сила целосната забрана на посети.
Заменик градоначалникот Удо Кок вели дека групните променади на туристите покрај излозите зад кои се проститутките и другите сексуални работнички се полни со непочитување.
„Не е во ред сексуалните работнички да се третираат како туристичка атракција“, рече Кок.
Повеќе од 80 отсто од луѓето кои работат во улицата на Црвените фенери велат дека ги чувствуваат негативните последици од туристичките тури. Минатата година Амстердам го посетија 21 милион туристи.