Македонија
18. January 2020 - 19:50

Ненајавениот влез со камера во подрачната единица на министерството за земјоделство во Берово ги скара опозицијата и власта

Ненајавениот влез со камера во подрачната единица на министерството за земјоделство во Берово гио скара опозицијата и власта.

Министерството по снимката објавена на профилот на дополнителниот заменик министер за земјоделие се огради од оваа активност.

Овие постапки, не се пракса на функционирањето на МЗШВ туку се личен акт на Трипуновски со кој не се согласуваме и остро го осудуваме. Апелираме дополнителниот заменик министер во Цветан Трипуновски да се воздржи од вакви дејствија со кои се врши директно нарушување на имиџот на Министерството.

За владејачката СДСМ акцијата на Трипуновски била мобинг и заплашување на јавната администрација..

Неовластено снимање, упади, заплашување малтретирање и закани кон вработени во администрацијата, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар надвор од насилничката, режимска матрица и затоа се што може да очекува на 12 април е нов убедлив пораз.

Од опозициската партија пак велат дека не се рабопти за партиско заплашување на администрацијата.

Трипуновски вчера на својот фејсбук објави видео во кое тој врши вонредна контрола во подрачанта единица во Берово и со камера ги снима вработените. Од дирекцијата за заштита на личните податоци излегоа со став дека била нарушена приватноста и личните податоци на вработените.