Македонија
24. January 2019 - 15:13

Неовластено снимале пред Собрание - полицијата уапси две лица

Упасени две лица пред Собрание. Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 10.30 часот во Скопје, пред Собрание на Република Македонија, од слобода биле лишени Т.Т.Ц.(52) и Т.П.Б.(45), двајцата од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено снимање“, односно дека неовластено фотографирале странска делегација која влегувала во Собранието. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.