Непал: Ситуацијата со Ковид-19 е безнадежна
Непал се соочува со смртоносен бран на епидемијата на коронавирусот, а ситуацијата е слична како во Индија, надвор од контрола, бидејќи бројот на новозаразени лица нагло се зголемува, а во болниците има се помалку слободни кревети и медицински кислород, предупредуваат локалните лекари.
Во областа Банки, која се наоѓа долж границата со Индија, лекарите во болницата Бери укажуваат дека ситуацијата потсетува на „Индија во мало“, бидејќи вирусот се шири неконтролирано, пишува лондонски Гардијан.
– Ситуацијата е безнадежна. Само во изминатите две недели од локдаунот, дури 80 отсто од здравствените работници на клиниката Бери беа позитивни на тестот на коронавирус, изјави началникот на клиниката, Радан Пандеј.
Непал денеска воведе строги мерки за заштита од Ковид-19, кои треба да останат во сила 15 денови. Фирмите и пазарите се затворени, а полицијата на контролните пунктови ги застанува возачите и пешаците. Продавниците за храна имаат дозвола да работат само неколку часа наутро.
Неколку десетина илјади луѓе во изминатите два дена го напуштија Катманду, со цел да ги избегнат новите мерки. Границите на Непал се затворени, освен за државјаните на Индија доколку имаат негативен ПЦР тест и хотелска резервација за десет дневен карантин.
Во Непал досега се потврдени 323.187 случаи на коронавирус и 3.279 починати.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
