Македонија
29. September 2024 - 16:33

Непалците ја користат нашата држава како попатна станица кон Европа

Не запира трендот на бегство на работници од Непал од нашата држава, иако тие требаше да бидат замена за испразнетите места во хотелско угостителскиот сектор  поради иселувањето.

По се изгледа Непалците не се заинтересирани за македонските плати, туку Македонија за нив е само попатна станица кој запад. Речиси да нема недела, а да нема избегано работници .Пред само 4 дена во полициската станица во Охрид биле пријавени за исчезнати три лица од Непал на возраст од 20, 22 и 29 годишна возраст кои работеле во хотел на брегот на езерото.

Од СВР Охрид велат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Експертите пак уште на самиот почеток беа на став дека увезените работници нема да го решат проблемот со недостигот на стручен кадар туку дека е потребна стратегија за да се задржи домашниот кадар.