Македонија
8. јуни 2023 - 16:39

Непочитувањето на законите и недостигот на кадар пречка за помалите заедници да учат мајчин јазик

Законот вели дека секој има право на образование на својот мајчин јазик, но во пракса тоа тешко се остварува, особено кога се работи за помалите заедници во Македонија. Пречки има многу, а резултатот е поразителен, посочуваат надлежните.

Од ресорната управа апелираат  оптшините  и образовниот систем  повеке да се ангажираат за да се овозможи учениците  од  помалите етнички  заедници  да имат редовна , но и изборна настава на мајчин јазик. За ова, велат,  недостига наставен кадар, но и интерес кај училиштата е за формирање  такви паралелки . Постетуваат дека секое школо  има обврска во април и мај да  спроведе анкета  мегу учениците и родителите за да се види  дали постои заинтересираност да се спроведе оваа опција.

Изучувањето на српскиот , влашкиот, турскиот, ромскиот и бошњачкиот јазик во образовниот процес  е основен услов за градење  генерации кои така ке осетат дека припагаат на државата во која им е загарантирано основното право на изучување на сопствениот мајчин јазик, порачуваат од Управата.