-->
-->
Непречена бербата на сезонско овошје во Кумановско
-->

Непречено се одвива бербата на сезонското овошје на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информира денеска Подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.
Според раководителот на Подрачната единица Насер Даути, на подрачјето на трите општини, на овошни насади отпаѓаат околу 500 хектари.
- И оваа година индивидаулните земјоделци ќе наберат значително поголема количина овошје во однос на земјоделските претпријатија, бидејќи во поширокиот кумановски регион, поголем процент од овошките не се наоѓаат во класични овоштарници, туку се измешани со други овошки по дворови и ниви на индивидуални земјоделски стопанства, изјави Даути.
Што се однесува до вкупното производство, кое изнесува околу 6.000 тони, само пет проценти отпаѓаат на земјоделски претпријатија.
- Ова најверојатно се должи на тешкото наоѓање пласман поради што, најголем дел од овошките се како поединечни дрвја кај индивидуалните земјоделски производители, за сопствени потреби, рече Даути.
Дел од произведеното и собраното овошје се продава на локалните пазари и малопродажни објекти во регионот и соседните реони од Македонија.
Според податоците на Подрачната единица, од овошките на оваа поднебје најголем процент отпаѓа на сливите, околу 40 проценти, јаболките и кајсијата со застапени со по 15 и осум отсто. Во последниве неколку години се повеќе се садат јаткасти овошја, со околу 15 проценти од вкупните овошки, а од нив најголем процент отпаѓа на оревот,а во помал процент и лешникот и бадемот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Орбан: Можен договор меѓу САД и Русија без Европа би можел да ја промени геополитичката слика
-

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника
-

Ердоган: Турција нема да толерира провокации и поморски закани во Источен Медитеран
-

Си Џинпинг во новогодишната порака го пофали напредокот на Кина и навести потенцијално присоединување на Тајван
-

Путин уверен во победата во Украина во својата новогодишна порака
-

Андоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната траснформација на Македонија
-

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје
-

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“
