Нестабилно време во делoви на Македонија

Краткотраен пороен дожд и грмежи попладнево се забележани во Светиниколско, Штипско и Кочани, а ветер со брзина до 72 километри на час е забележан во Тополчани. Нестабилност е забележана и во Кривопаланечко и во источниот дел од скопската котлина. Во поголемиот дел од земјата времето е сончево и топло.
До крајот на денот ќе биде сончевo и топло со мала до умерена облачност. Во северните и источните делови со локален пороен дожд и грмежи, а има и услови и за поинтензивни процеси со појава на град. Во скопската котлина кон крајот на денот, како и во вечерните часови има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во текот на ноќта ќе настапи стабилизирање на времето и ќе преовладува ведро со умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.
Времето утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. УВ изнесува девет.
Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната максимална температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 36 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Температурите ќе се движи од од 19 до 34 степени.
До петок ќе преовладува сончево и топло време. Во петок и за времен на викендот во попладневните часови, претежно во источните и северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
