Македонија
15. August 2024 - 16:35
Невладините контра измените во Законот за урбанизам
Неколку граѓански организации и денеска побараа Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпише указот на Законот за урбанистичко планирање.
Aктивистите реагираат дека отсуствува јавна и стручна расправа за ваквите измени.
Алармираат дека во обид да се одблокира носењето на 600 урбанистички планови, ќе се настане урбанистички и сообраќаен хаос оти со старите правилници не се земаат предвид податоците од последниот попис.
-->
-->