Невработени лица во Пехчево до 20. септември ќе може да се пријават во Програмата за општинско корисна работа

Општина Пехчево и Центар за вработување во Пехчево го објавија огласот за вклучување невработени лица од општината во програмата „Општинско корисна работа“.
Програмата е од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, усвоен од Владата на Република Македонија, финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување.
Како што истакна Љупчо Каракашовски координатор на проектот од Општина Пехчево на огласот имаат право да конкурираат невработени лица од целните групи, на возраст до 29 години, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, самохрани родители, поранешни корисници на дрога и други ризични категории.
- Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Нови социјални услуги во општина Пехчево ИИ” за работно ангажирање со скратено работно време за период од шест месеци заради стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, истакна тој.
Лицата кои ќе бидат вклучени во програмата ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од шест месеци статусот на невработените лица останува непроменет. На невработените лица, корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош, а за ангажираните лица се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200 денари.
Тој додаде дека преку програмата се определени 15 работни позиции од кои четири асистенти за нега на стари лица, три едукатори за опсименување, еден координатор за донации, две лица како технички персонал, пет образовни ментори.
Заинтресираните невработени лица пријави за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Центарот за вработување Пехчево во периодот од 14 септември до 20 септември.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
