Македонија
27. јуни 2024 - 16:29

Невремето ќе трае до утре, граѓаните да внимаваат од молњи

Повеќе од 2000 пријавени штети по вчерашното невреме кое ги зафати Тетово, Скопје и Куманово. На 112 пристигнале  бројни пријави за  поплавени куќи, дворови, подруми, паднати дрвја, бандери, лимови и оштетени автомобили. Поројниот дожд и денеска погоди неколку региони во земјава, во кривопаланечко поплавени патишта, поплавени подруми, паднати дрва. Човечки животи не биле загрозени.

Професорот Спиридонов вели ваквите појави се очекувани со оглед на екстремно високите температури кои не беа типични за овој месец од годината. Стабилизирање на времето се очекува од утре, но веќе наредната недела прогнозира повторно да настапат  циклонски промени.

Апелира на голема  опасност од електрични празнења во вакви временски неприлики.

Попладнево интезивен пороен дожд пропратен со грмежи се очекува во делови од Скопје и централниот дел од земјава  во Велес. Граѓаните кои ќе се соочат со проблеми од силното невреме  можат да побараат помош на бројот 112.