Македонија
10. August 2024 - 16:43

Никако да згаснат пожарите

Пожарот на Галичица никако да се изгасне целосно.

Пожарот на планината Галичица кој гори веќе неколку дена никако да се изгасне целосно. Иако делуваше дека пожарникарите го имаат ставено огнот под целосна контрола, од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот е активен на страната кон Ресен и се шири кој селото Стење. Дополнително, според извесувањата од ТППЕ Ресен, се слушнале и експлозии од куршуми и неексплодирани средства.Во гаснењето учествуваат екипи на пожарна,НП Галичица и  Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.

Најголем проблем во овој предел е неповолниот ветер  кој може да ја  влоши состојбата  на Галичица.

Пожарот на Илинска планина, што се простира на подрачјата на општините Демир Хисар и Охрид е под контрола и на некои места има чад во веќе опожарениот дел кој не претставува опасност од охридската страна, направени се заштитни појаси .

Дополнително,  пожарите  во Општина Струга во селото Долна Белица кој се прошири кон селата Октиси и Велешта ставени се под контрола и нема  опасност од  ширење по куќите.