Македонија
27. February 2016 - 23:22

Никола Груевски го посети Тодор Петров кој денеска беше нападнат во Бутел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва го посети првиот човек на Светскиот Македонски конгрес, Тодор Петров, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Петров, кој денеска, беше нападнат по поставувањето на камен-темелникот на крстот во скопски Бутел, со Груевски разговарал за неговата здравствена состојба и за она што денеска се случило во ресторанот, кога влегле непознати лица и го претепале.
 
Инаку, Петров денеска, околу 12 часот и 30 минути, физички бил нападнат во угостителскиот објект „Казабланка“ во Скопје, од страна на пет-шест лица. Од МВР излегоа со соопштение дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расветлување на настанот и утврдување на инволвирани лица. Но и по речиси 11 часа од нападот нема информации дали се пронајдени сторителите и се повикани на информативен разговор. Се надеваме дека сторителите ќе бидат пронајдени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата.