Македонија
19. February 2025 - 16:36

Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот

Во разговор со Унеско ќе се утврдува кое решение ќе биде најсоодветно за зачувување на заштитениот статус од УНЕСКО на Охридското Езеро и регионот, а во исто време да се направи и автопатот од Требеништа до Ќафасан. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски истакна дека останува на ветеното дека до крајот на следната година ќе имаме целосно функционален автопат од Кичево до Охрид.

Министерот Николоски подвлече дека неможе да се каже дали ќе има или не поскапување  на изградбата на автопатот но ќе настојува проектот да се заврши во зададениот рок за цената да остане иста.

Автопатот Кичево-Охрид започна да се гради на 22 февруари 2014.

Првиот рок во кој требаше да биде завршен беше 2018 година. По доаѓањето на новата влада рокот за завршување беше продолжен до јуни 2021 па се даде нов рок крајот на 2023 година година за сега финишот да биде крајот на 2026 година.