Македонија
28. September 2021 - 16:29

Николовски: Македонија е лидер во отвореност, транспарентност и отчетност

Македонија е лидер во регионот по отвореност, транспарентност и отчетност. Земјава исполнила 83,4% од сите кретериуми кои се анализирани. Анализата се однесува на отворнеоста на институциите во Југоисточна Европа, а токму таа е првиот чекот кон сузбивање на корупцијата.

Дека состојбата се подобрува, констатира и директорката на Агенцијата за заштита на правото за слобден пристап до информации од јавен карактер. Во изминатиот период за повеќе од половина е намален бројот жалби по однос на молчењето на институциите на управата по поднесените барања.

Натамошното зголемување на транспарентноста и отвореноста на институциите ќе биде поддржано и од Европската Унија.

28 септември е меѓународен ден за универзален пристап до информации.