Македонија
28. November 2020 - 16:52

Николовски: Оваа генерација политичари има обврска да ја интегрира земјата

Се гордеам што сум дел од оваа генерација која има одговорност да ја внесе државата во НАТО и ЕУ, за кои што се бореа со децении сите досегашни Влади и политички гарнитури, е ставот на заменик претседателот на Влада Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање за коментар на одлуката на поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски да го замрзне членството во СДСМ.

Ова се неповторливи години за нашата државност, за Македонците, за македонскиот народ. Мислам дека ја користиме секоја прилика со храбрите одлуки што ги донесе оваа земја, да се остварат стратешките цели на државата-изјави Љупчо Николовски, заменик претседател на Влада. 

Николовски денеска се приклучи на предизборниот карван на кандидатот за градоначалник на Штип, д-р Сашко Николов  и ги повика штипјани да излезат на гласање, зашто постојат услови и протоколи за безбедно одржување на изборниот процес.

Одговорноста на граѓаните на 13 декември да биде со излегување на гласачките места, со поддршка на кандидатот д-р Сашко Николов и да продолжи Штип да се модернизира, да се развива, да продолжат локалните проекти- додаде Николовски.

Во мандатот на идниот градоначалник ќе започне и реализацијата на најкапиталниот проект за градот, изградбата на брана на река Отиња.