Нимиц: Има нов импулс во напорите за решавање на спорот за името
Решавањето на спорот за името е високо на агендата на владата во Скопје и затоа има „нов импулс“ во напорите за решавање на проблемот, изјави специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија Метју Нимиц.

- Владата во Скопје е подготвена да ја реактивира својата надворешна политика во регионот и очигледно прашањето за името е важна пречка на патот кон европската интеграција и НАТО членството. Значи, ова е високо прашање на нивната агенда и затоа мислам дека има нов импулс, изјави Нимиц за Независната балканска новинска агенција (ИБНА).
На прашањето што гледа како следен чекор, Нимиц потсетува дека беше во Скопје, а разговараше и со грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас и најави дека ќе биде во контакт со двете страни во следните месеци со цел да се развие нов план за движење напред.
Запрашан дали има какви било предлози за името Нимиц одоговри не, нагласувајќи дека не дал никакви предлози. - Имаше предлози во минатото и сметам дека сега е време да се зборува за некои основни концепти пред да стигнеме до предлози, изјави Нимиц.
Нимиц во понеделникот во Брисел се сретна со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас, кој го информирал медијаторот за ставот на Атина по средбите кои грчките власти ги имале „со новата Влада на северниот сосед“.
- Се договоривме да останеме во контакт и да бараме начини со кои можеме да отвориме процес за да се најде решение, рекол Коѕиас.
Метју Нимиц во почетокот на месецов беше во посета на Скопје каде што имаше средби со македонскиот државен врв.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
