Нинова: Без БСП нема стабилна влада
– Лидерот на бугарските социјалисти Корнелија Нинова, неколку часа пред да се сретне со раководството на партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, за БНТ изјави дека без нејзината партија не може да има стабилна влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа ја оцени како лицемерна можноста „партиите на промени“ да формираат нова бугарска влада со поддршка на Движењето за права и слободи, поради протестот на „Демократска Бугарија“ на плажата Розенец во близина на резиденцијата на почесниот претседател на ДПС Ахмед Доган пред една година и сега формираната специјална комисија на оваа тема во новоизбраниот бугарски парламент.
Нинова смета дека може да има повеќе состаноци со „Има таков народ“. Според неа, политиките се поважни, но исто така и луѓето кои ќе ги спроведат. Таа е категорична дека има неколку многу важни приоритети за земјата, како што се усвојување на Планот за обновување и одржливост, актуелизацијата на буџетот на Бугарија за 2021 година и подготовка на Буџетот за 2022 година, како и подготовка за новиот бран на Ковид-19. Според неа, долгорочни приоритети се реформата на здравството, економијата и судскиот систем на Бугарија.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
