Бизнис
5. May 2021 - 16:38

Ниска искористеност на парите за капитални инвестиции

Државата слабо ги троши парите за капитални инвестиции, па им дава кредити на општините. Заклучно со вчера, потрошени се помалку од 20% од предвидените пари за трајни проекти.

Според достапните информации за првиот квартал пак, има институции кои не потрошиле ниту денар. Такви се Претседателот на државата, Државната изборна Комисија, Инспекцискиот совет, Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за поддршка на туризмот, Агенцијата за храна, за вработување, за стокови резерви. Зошто слабо се трошат парите  - нема одговор.

Од Министерството за финансии најавија дека се планира за оние институции кои нема да ги потрошат парите, да има казни, а за успешните -  награди. Парите од нереализирани проекти ќе им се дадат на оние кои се во понапредна фаза. Со капиталните инвестиции, како изградба на патишта, водоводи, канализации, болници, школи, градинки се создаваат трајни добра и значително влијаат врз растот на економијата. За оваа намена, преку Проектот за подобрување на општинските услуги, денеска 9 општини добија 3,4 милиони евра, од кои 700 илјади евра се грант од Светска банка.

Вкупно пак за оваа година, за капитални инвестиции планирано е да се потрошат 373 милиони евра.