Здружението за култура и уметност ФРУ на конференции во Љубљана и Белград
Здружението за култура и уметност ФРУ - Факултет за работи што не се учат (Битола/Скопје) деновиве има две меѓународни претставувања - на „Flanders Balcan Express Caravan“ денеска во Љубљана и на 9 јуни во Белград на интернационалната конференција „Времиња на отпор“.
Ивана Васева, кураторка, и Филип јовановски, визуелен уметник и граѓански активист денеска во Љубљана ќе зборуваат за условите на продукција на уметност како и начините во кои современата независна културна сцена успева да преживее во време на политичка криза со фокус на фестивалот за современа уметност АКТО.
Тие ќе учествуваат во панелот „Уметноста и културата во време на националистички и неолиберални времиња“, каде ќе ги претстават последните изданија на нивниот долгогодишен проект АКТО - фестивал за современи уметности кои го курираат заедно, како и едукативнот кураторски проект на Васева „Совршениот уметник“.
На 9 јуни пак, во рамки на интернационалната конференција „Времиња на отпор“ во склоп на панелот „Низ целата Европа никнуваат нови движења, зошто? ќе зборува Филип Јовановски, со фокус на уметничкиот активизам и формите на отпор низ култура и уметност, и тоа низ примерите на Шарена револуција, референдумот во одбрана на Градски трговски центар „Го сакам ГТЦ“, како и неговиот долгорочен социјално-уметнички проект КУЦ (културно уметнички центар) Текстил-Штип.
Организатор на настанот е Центар за културна деконтаминација од Белград, која е една од најзначајните независни институции од областа на културата во Србија.
Ново на Сител
-
Малолетници ограбени во Центар - им се заканиле со нож
-
Обид за убиство во Тетовско
-
Потпишан договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари
-
Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип
-
Кривична пријава за член на надзорен одбор на банка за измама при работење со хартии од вредност
-
Времен сообраќаен режим на две делници на автопатот А1
-
Реката Ламбро се излеа во близина на Милано
-
Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка