-->
-->
Водите ли сметка за ова - Како спиењето влијае на успехот во работата
-->
Одењето во кревет секој вечер во исто време за многу е тешка задача. Сепак, оваа навика може да влијае на нас на повеќе начини.
Научниците откриле дека оние секоја вечер одат на спиење во исто време се многу поуспешни од оние кои не водат сметка за ова. Како што на организмот му е потребен одреден број часови за сон, исто така на организмот влијае и навиката за легнување во исто време.
Малото истражување над 61 студент на Харвард покажале дека оние кои имале најнередовен сон имале и најлоши оценки.
И не само тоа. Оние кои на спиење оделе во исто време, полесно се буделе наутро и им било потребно помалку време за да заспијат навечер. Кај спротивните случаи, пак, часовникот за спиење станува збунет.
Интересно е дека сите студенти спиеле по еднаков број на часови, но нивниот биолошки часовник варирал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
-
Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград
-
Приведен 50-годишен маж од Тетово поради кражба
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата