Турски суд на 25 години затвор осуди опозициски пратеник

Истанбулски суд на 25 години затвор го осуди пратеникот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Енис Бербероглу, во врска со случајот што се однесуваше на запрените камиони на разузнавачката служба МИТ од 2014 година, пренесе турската државна телевизија ТРТ.
Бербероглу е осуден за објавување на информација што требало да остане тајна со оглед на нејзиното значење за државната безбедност и внатрешните или надворешнополитичките интереси.
Судот нареди пратеникот да биде уапсен.
Обвиненијата против Бербероглу се однесуваат на давање видео снимка на еден весник, на која се гледаат испораки на оружје од турското разузнавање за групи во Сирија.
Во материјалот, што беше објавен во весникот „Џумхуриет“ во мај 2015 година, се посочува дека во камиони, запрени и претресени во јужна Турција на почетокот на 2014 година, за кои се претпоставува дека и припаѓале на службата МИТ, биле најдени оружје и муниција, наменети за Сирија.
Случајот од јануари 2014 година со запрените камиони на МИТ предизвикаа скандал во земјата. Турските медиуми тогаш информираа дека при претресот на неколку камиони жандармеријата го одзела оружјето, наменето за групи во северна Сирија.
Владата ги отфрли тврдењата, инсистирајќи на тоа дека камионите транспортирале хуманитарен товар за сириската туркменска заедница.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
