Меѓународен фестивал на комедијата „Гола Месечина“ од 19 до 26 јуни во општина Аеродром
Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ ќе се одржи од 19 до 26 јуни во општина Аеродром.
Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски денеска изјави дека општината издвоила средства од својот Буџет за овој меѓународен фестивал, кој ќе се одржи по четврти пат, со цел да го збогати културниот живот во општината и да ги развесели и разведри на граѓаните. Посочи дека огромниот интерес на граѓаните за досегашните претстави бил сигурен знак дека фестивалот треба да продолжи, а тој прераснува и во традиција.
Директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ истакна дека задоволството ќе биде огромно доколку изборот на претставите и овојпат го погоди вкусот на публиката. Посочи дека досега на 30-тината претстави што се одиграни на „Гола месечина“ имало над 40.000 публика.
Таа рече дека фестивалот има натпреварувачки карактер и тричлена жири-комисија ќе додели награди за најдобра машка и женска улога, за најдобра режија и најдобра претстава.
Инаку, седумте претстави од Македонија и странство ќе се играат од 19 до 26 јуни, со почеток од 21 часот, на отворена сцена поставена во спортскиот центар „Ново Лисиче“, а влезот за сите претстави ќе биде бесплатен.
Фестивалот се отвора со претставата „Лажговци во неволја“ на Сатиричниот театар од Софија, а завршува со претставата „Приказните на заборавените предци“. Во рамки на фестивалот на истата сцена ќе се организира и бесплатен зумба час на отворено.
Ново на Сител
-
САД: Земјите кои не возвратија на царините ќе бидат наградени
-
Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји
-
Дортмунд подготвува нов договор за Ковач
-
Ердоган ја обвини главната опозициска партија за „фашизам“
-
Вучиќ за утврдување одговорност за посетата на повредените од Кочани: Никој не ме пушти, сам си влегов, и што сега?
-
Директори злоупотребиле службена положба и ги оштетиле буџетите на две беровски училишта за вкупно 1.171.000 денари
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов